Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за да се стави крај на пандемијата.

„ Пандемијата сега е во својата трета година и ние сме во клучна пресвртница“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус на заедничката прес-конференција со германската министерка за развој Свења Шулц.

Тој ги повика сите земји во светот да работат заедно за да се стави крај на акутната фаза на пандемијата, наведувајќи дека сега ги имаат на располагање сите алатки за тоа.

Тедрос додаде дека за да се стави крај на акутната фаза на пандемијата, неопходно е сите земји да работат заедно.

„ Не можеме да и дозволиме да продолжи да се одолговлекува и да се тетерави меѓу паниката и запоставувањето“, рече директорот на СЗО.

Тедрос рече и дека Германија стана најголемиот донатор на СЗО, но не даде дополнителни детали.

Во исто време, германскиот министер Шулц истакна дека главниот приоритет на Германија, која го презеде претседавањето со Г7, е да се стави крај на пандемијата ширум светот и повика на масовно забрзување на глобалната кампања за вакцинација со цел да се постигне тоа.

Со овој настан во Женева ќе започнат еднонеделните состаноци на Извршниот одбор на СЗО, на кои ќе се разговара за клучните аспекти на иднината на здравствената агенција на Обединетите нации, како и за вториот мандат на Тедрос на чело на СЗО.

24.01.2022 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега