Течат роковите: Џафери треба да го свика Собранието, Пендаровски да даде мандат

 

Течат роковите се конституирањето на новото Собрание, потоа и за формирањето нова Влада. Според законските правила, поранешниот претседател на законодавниот дом има 20 дена од одржаните избори да ја свика конститутивната седница. Изборите се одржаа на 15 јули, што значи дека тоа треба да се случи до 4 јули годинава, објави „Фактор“. 

Пред овој датум има верски празник, односно Курбан Бајрам, но и 2 август - Илинден, па според најавите, Талат Џафери седницата ќе ја закаже веднаш по празниците. Откако ќе се формира Собранието, претседателот на државата Стево Пендаровски има 10 дена на му го довери мандатот на мандатарот кој успеал да обезбеди парламентарно мнозинство.

Мандатарот пак има 20 дена откако ќе го добие да состави програма и да го предложи составот на новата Влада. Таа влада треба повторно да ја изгласа Собранието на државата. Според сите пресметки значи, нова Влада би имало дури на крајот на август.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега