Close Menu
Press24
    Најново

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тажна вест: Почина македонска актерка – „Беше голем уметник и прекрасен човек”

    Тажна вест: Почина македонска актерка – „Беше голем уметник и прекрасен човек”

    13.07.2026 во 11:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Театарот „Антон Панов во Струмица” се прости од Тинка Ристеска (1953–2026) – уметник и човек што остави неизбришлива трага во историјата на Струмичкиот театар.

    -Со длабока тага се простуваме од нашата долгогодишна актерка Тинка Ристеска – уметник и човек што остави неизбришлива трага во историјата на Струмичкиот театар.

    На 12 јули 2026 година, Тинка замина кај оние за кои изминатиот месец говоревме низ серијалот „Сеќавања“ – кај темелниците и великаните на Струмичкиот театар. Денес и таа станува дел од тој вечен пантеон на уметници што го создадоа и изградија нашиот театар.

    Тинка не беше само голема актерка. Таа беше прекрасен човек, секогаш подготвена да помогне, да охрабри и да го пренесе своето знаење. Беше мост меѓу генерациите – меѓу основачите на театарот и најмладите актери, оставајќи зад себе не само големи улоги, туку и голема човечност.

    Нејзиниот живот беше театар.

    На само 16 години, во 1969 година, првпат застана на сцената на Струмичкиот театар со улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Од тој момент започна патување долго 55 години, во кое оствари повеќе од сто улоги и создаде ликови што трајно ќе останат во македонската театарска меморија.

    Нејзиниот раскошен талент блескаше во претставите „Галеб“, „Стаклена менажерија“, „Магбет“, „Ромео и Јулија“, „Печалбари“, „Женидба“, „Крвави свадби“, „Тетовирани души“, „Бледица“, „Лет во место“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Чудо големо“, „Вечна игра“ и многу други.

    И по пензионирањето, во 2005 година, остана верна на сцената. Во 2019 година го одбележа својот 50-годишен актерски јубилеј, а во 2024 година и 55 години актерска дејност – редок јубилеј на уметник што целиот свој живот му го посвети на театарот.

    Покрај сцената, остави значаен белег и во телевизиски серии, ТВ-проекти и долгометражни филмови.

    Денес не се простуваме само од голема актерка. Се простуваме од дел од душата на Струмичкиот театар.

    Нејзиното име ќе остане трајно запишано во историјата на македонската театарска уметност, а нејзините улоги ќе продолжат да живеат во спомените на сите што имаа чест да ја гледаат и да ја познаваат.

    Погребот ќе се изврши на 14 јули 2026 година (вторник), во 12.00 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени од 11.00 часот во Градската капела во Струмица.

    Почивај во мир, драга Тинка.

    Аплаузот за тебе никогаш нема да стивне, стои во објавата.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.