Тажна вест: Од Ковид 19 почина кичевскиот муфтија Хаџи Мурат Ефенди Хусеини

Шеесет и осумгодишниот муфтија на кичевското муфтиство, Хаџи Мурат Ефенди Хусеини почина од Ковид-19.

– Тој целиот свој живот го посвети на исламот и организацијата на религиозниот живот во Кичево и низ целата територија на ИВЗ. Тој беше учител на исламот, мудар, претпазлив, паметен, праведен, дарежлив, близок до луѓето, солидарен во секој момент и ситуација. Тој почина кога сè уште ја имаше религиозната и интелектуалната моќ да придонесува уште во служба на верата, а денеска отиде на другиот свет. Останува на нас да се молиме на семоќниот Аллах да го помилуваме со својата бесконечна милост, истакна секретарот на Муфтиството во Кичево, Ќамил Рушити.

Погребот ќе се изврши денеска со посебен протокол во гробиштата на родното кичевско село Шутово

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 15:16
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега