Close Menu
    Најново

    Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за Оскаровската трка

    16.12.2025 во 20:53

    Инспектори ќе влезат во државна Гинекологија

    16.12.2025 во 20:45

    Вратен во нормала патот Градско-Прилеп, откако автомобил се судри со трактор

    16.12.2025 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за Оскаровската трка
    • Инспектори ќе влезат во државна Гинекологија
    • Вратен во нормала патот Градско-Прилеп, откако автомобил се судри со трактор
    • (ВИДЕО) Агелер за Сител: Без разлика на преговорите за членство во ЕУ, реформите треба да продолжат
    • Посебен шалтер за „Безбеден град“ во зградата на МТВ
    • Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
    • Автомобил се судри со трактор: Патот целосно блокиран
    • Јована Тренчевска добива висока функција во СДСМ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за Оскаровската трка

    Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за Оскаровската трка

    16.12.2025 во 20:53
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денес ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година. “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предикции важеше за кандидат за Оскар.

    “Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. „Силјан“ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело.” – изјави Котевска.

    Оваа година имаше убедливо најголема конкуренција за документарни филмови, категорија од 201 филм, каде освен пандемиската година кога имаше 238, период кога се дозволија и доста отстапки: рокот за пријавување се растегна од 12 на 14 месеци и се земаа предвид и филмови кои не беа прикажани во кино, оваа година беше најплодна година на документарниот филм.

    Денес се објавија и тесниот избор на филмови за најдобар странски филм, каде се квалификуваа вкупно 86, како и листата за најдобар анимиран филм, каде имаше конкуренција од вкупно 35 филмови. Во линкот подолу е тесната листа на филмови кои остануваат во игра за конечниот избор на номинации за Оскар. “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец.

    Филмот го откупи National Geographic, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и ред други. Македонската кампања за Оскари во категоријата најдобар странски филм е поддржана од страна на Агенцијата за филм на РСМ. Филмот продолжува да си го живее својот пат во кино салите.

    Популарно

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Филипче: Мигранти за пари е предавството и продажбата на националните интереси

    15.12.2025 во 22:13

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.