Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници, инфомираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Во соопштението е наведено дека досегашните мерења покажале дека просечните вредности за концентрација на PM10 честички се во рамки на дозволеното, како и дека досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови.
Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³, максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³, моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³, стои во соопштението.
Министерството, додаваат, останува посветено на транспарентно информирање на јавноста и редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.