Close Menu
    Најново

    Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје

    19.09.2025 во 13:03

    Манасиевски: Вистинското лице на Мојсоска и Левица е разобличено

    19.09.2025 во 12:55

    Шест лица се затруле со храна во кумановски ресторан, пријавена епидемија

    19.09.2025 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје
    • Манасиевски: Вистинското лице на Мојсоска и Левица е разобличено
    • Шест лица се затруле со храна во кумановски ресторан, пријавена епидемија
    • Кузеска: 400 пожарникари ангажирани преку општините не добиле плата
    • УХМР со најнова прогноза: Познато какво не очекува во текот на викендот
    • Драма во Берлин: Полицијата пронајде бомба, илјадници добија наредба за евакуација од своите домови
    • Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК
    • Гори Киев: Русите извршија стотици напади за 24 часа, одекнуваат експлозии
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје

    Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје

    19.09.2025 во 13:03
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, учествуваше на панел дискусијата „Домот како основна потреба, а не привилегија“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“. Во своето обраќање, Шукова го истакна предизвикот што законот за домување во целост е во надлежност на централната, а не на локалната власт, и посочи дека е потребно да се отвори сериозна дебата, како и да се иницираат законски измени, со цел локалните самоуправи да можат да им помогнат на младите во справувањето со едно од најгорливите прашања – домувањето, кое претставува една од основните човечки потреби. Шукова на панелот го предложи виенскиот модел, со кој градот може да понуди станови и субвенционирана закупнина за младите до одредена возраст.

    „Виена одлучила дел од давачките да им ги намали на оние што градат, за определен број станови. Тие станови инвеститорот ги отстапува на градот, а градот понатаму ги дава на категории граѓани, кои имаат потреба. Во Виена, овие станови ги користат млади лица. Јас сметам дека тоа е еден убав модел кој може да се примени и кај нас. Иако многу доцниме  доколку ова се практикуваше пред 10 или 15 години денес ќе имавме солиден број станови кои младите ќе можеа да ги користат. Во таков случај, младите плаќаат само режиски трошоци, со обврска да го чуваат и управуваат станот според одредени правила и слично.“ – рече Шукова.

    Шукова истакна дека, од друга страна, фондот на станови, имајќи предвид дека изградбата на згради е континуиран процес, ќе биде постојано обновуван и зголемуван. Ова, како што нагласи, можеби е амбициозна, но исклучително сериозна мерка која директно и суштински го адресира и решава проблемот со домувањето особено за младите. За ваков исчекор потребна е сериозна политичка волја, промена на постојните методологии за пресметка на комуналии и измени во неколку соодветни закони. Но, доколку тоа се постигне, оваа мерка би претставувала еволуција во решавањето на прашањето за домување на младите и единствен ваков пример во регионот, смета Шукова.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје

    19.09.2025 во 13:03

    Манасиевски: Вистинското лице на Мојсоска и Левица е разобличено

    19.09.2025 во 12:55

    Шест лица се затруле со храна во кумановски ресторан, пријавена епидемија

    19.09.2025 во 12:30

    Кузеска: 400 пожарникари ангажирани преку општините не добиле плата

    19.09.2025 во 12:17
    последни вести
    Политика

    Шукова предлага виенски модел за домување на млади во Скопје

    19.09.2025 во 13:03
    Политика

    Манасиевски: Вистинското лице на Мојсоска и Левица е разобличено

    19.09.2025 во 12:55
    Македонија

    Шест лица се затруле со храна во кумановски ресторан, пријавена епидемија

    19.09.2025 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.