Close Menu
    Најново

    Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

    18.09.2025 во 12:44

    Украина со дронови нападна руски рафинерии

    18.09.2025 во 12:25

    Одложен судскиот процес за родителот кој нападна двајца 15 годишни фудбалери во Штип

    18.09.2025 во 12:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура
    • Украина со дронови нападна руски рафинерии
    • Одложен судскиот процес за родителот кој нападна двајца 15 годишни фудбалери во Штип
    • Минчев: Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од процесот
    • Гостивар ќе добие бесплатен интернет на јавни места
    • Ново мерење на воздухот во Трубарево: ПМ10 честичките во рамки на нормалата
    • Шест кандидати во трката за градоначалник на Кочани
    • Пад на продажбата на станови, во Центар продаден стан од 96 квадрати за 270 илјади евра
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

    Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

    18.09.2025 во 12:44
    ФОТО: Министерство за транспорт
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт.

    “Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на живот во градовите, со што ја потврдуваме нашата посветеност да се движиме во ист правец со најдобрите европски практики. Со Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година предвидена е мерка за поддршка на поголемите градови за изработка на планови за одржлива урбана мобилност. Поддршката вклучува развивање на планови за одржлива урбана мобилност за Кавадарци и Прилеп, Кочани, Струмица и Струга, во согласност со насоките за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност на ЕУ”- истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

    Тој потенцира дека Министерството особено внимание посветува на унапредување на стандардите за велосипедската инфраструктура се со цел да се зголеми безбедност на велосипедскиот сообраќај.

    “Во Законот за јавни патишта предвидовме основа за донесување на Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура, а во соработка со граѓанскиот сектор изработивме предлог Правилник којшто ќе биде донесен во текот на следниот период. Со ова, сакаме да испратиме порака дека велосипедот како симбол на одржлива мобилност е рамноправно превозно средство, а не само средство за рекреација. Со поддршка од државата и со визија на општините, можеме да изградиме градови кои се поодржливи, побезбедни и подобри места за живеење”- истакна потпретседателот на Владата, Николоски.

    Денешната конференција се организира во рамки на Европската недела на мобилност под мотото „Мобилност за секого“.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

    18.09.2025 во 12:44

    Украина со дронови нападна руски рафинерии

    18.09.2025 во 12:25

    Одложен судскиот процес за родителот кој нападна двајца 15 годишни фудбалери во Штип

    18.09.2025 во 12:09

    Минчев: Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од процесот

    18.09.2025 во 12:05
    последни вести
    Македонија

    Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

    18.09.2025 во 12:44
    Свет

    Украина со дронови нападна руски рафинерии

    18.09.2025 во 12:25
    Македонија

    Одложен судскиот процес за родителот кој нападна двајца 15 годишни фудбалери во Штип

    18.09.2025 во 12:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.