Таткото на прегазената 22-годишна девојка Теодора Ристовска: Срамота е ова, три години ме мачат

 

Денеска во Основниот суд во Тетово, по втор пат се одложи почетокот на повторното судење на Менсур Пајазити обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22 годишната Теодора Ристовска.

„Срамота е ова, три години не мачат, јас изгубив ќерка од 22 години, четврта година на Машински факултет. За правда јас плачам, а правдата ја нема во Македонија“, изјави таткото на прегазената 22-годишна девојка Теодора Ристовска.

Како и за првото одложување, и денеска судијата Елведин Ферати наведе дека обвинетиот доставил поднесок до судот во кој навел дека од здравствени причини нема да присуства на рочиштето.

„Од наша страна ќе биде проверено дали навистина е во болница, дали навистина му е потребно лекување. И дали во овој период од одлагањето тој се јавува на работа затоа што е наставник во гимназија во Тетово. Затоа што, ако е на боледување, како оди на работа, за што ќе се потрудиме до наредната расправа да добиеме одговор од надлежните институции“, изјави адвокат Наташа Ѓорчевска, бранител на семејството на Теодора.

27.03.2025 - 22:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега