Таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, по одлуката на Врховниот Суд да се одбие барањето на Васил Јованов, за вонредно преиспитување на пресудата.
-Аздисани убијци – ЗЛОТО во полна сила… Па уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна… Само 65% од максималната… Па што ли требаше друго да стори од она што веќе и го направи на Фросинче заедно со друштвото негово, за да добие максимална казна…
И 2% рејтинг многу Ви е…
Одговорност за криминалецот Судија Снежана Марковска, одговорност за Судиите од Апелациониот суд…
Одговорност за сето ЗЛО…
А ЗЛОТО гајле нема располага со сите криминали и сите криминални пари и судии да купат и наркодилери за убиство да ги спасуваат… До таму стигнавме и тоа ни е реалноста…
Сите недоветни да не прават…
ДО КОГА…
ОВА НЕ МОЖЕ, ВЕЌЕ НЕ СЕ ИЗДРЖУВА, напиша Тодор Кулаков.
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години, информираа од Врховниот суд.
Јованов првично беше осуден на 12-годишна затворска казна од Кривичниот суд, на Апелација му ја зголеми казната за една година.

