Close Menu
Press24
    Најново

    Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”

    23.03.2026 во 09:09

    Дневен хороскоп: Шкорпијата ќе ja открие вистината, Водолијата преполна со нови идеи

    23.03.2026 во 09:04

    Студено утро во Македонија – 57 сантиметри снег на Попова Шапка

    23.03.2026 во 08:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”
    • Дневен хороскоп: Шкорпијата ќе ja открие вистината, Водолијата преполна со нови идеи
    • Студено утро во Македонија – 57 сантиметри снег на Попова Шапка
    • СДСМ: Поскапи горива и празни фрижидери за граѓаните – Половичната мерка на Мицкоски без ефект
    • Трипуновски во дводневна посета на Брисел – Средби со претставници на ЕК
    • Уживавме во споен викенд – Наскоро следуваат 4 дена одмор
    • ФОТО: Дарко Лазиќ скршен од болкa – „Ми фали секој миг, никој нема да те замени”
    • Провејува снег низ Македонија – АМСМ информира за состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”

    Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”

    23.03.2026 во 09:092 Mins Read
    Фросина Кулакова, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Таткото на младата Фросина Кулакова која беше прегазена кај Силбо во Скопје, Тодор Кулаков, објави емотивни стихови посветени за неговото чедо.

    Бранови од тага крадешкум се кријат зад секој агол,

    зад секоја мисла, зад секој момент, зад секој окрет нагол…

    Бранови од тага што те снема,

    што и да сторам — џабе ми е…

    После тебе ништо нема.

    Само слики неми.

    Живот што тече — а само спомени…се дел од стиховите кои ги напиша Кулаков на Фејсбук.

    Тој претходно на Фејсбук напиша статус по одлуката на Врховниот Суд да се одбие барањето на Васил Јованов, за вонредно преиспитување на пресудата.

    -Аздисани убијци – ЗЛОТО во полна сила… Па уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна… Само 65% од максималната… Па што ли требаше друго да стори од она што веќе и го направи на Фросинче заедно со друштвото негово, за да добие максимална казна…

    И 2% рејтинг многу Ви е…

    Одговорност за криминалецот Судија Снежана Марковска, одговорност за Судиите од Апелациониот суд…

    Одговорност за сето ЗЛО…

    А ЗЛОТО гајле нема располага со сите криминали и сите криминални пари и судии да купат и наркодилери за убиство да ги спасуваат… До таму стигнавме и тоа ни е реалноста…

    Сите недоветни да не прават…

    ДО КОГА…

    ОВА НЕ МОЖЕ, ВЕЌЕ НЕ СЕ ИЗДРЖУВА, напиша Тодор Кулаков.

    Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години, информираа од Врховниот суд.

    Јованов првично беше осуден на 12-годишна затворска казна од Кривичниот суд, на Апелација му ја зголеми казната за една година.

    Top News
    Популарно

    Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”

    23.03.2026 во 09:09

    Дневен хороскоп: Шкорпијата ќе ja открие вистината, Водолијата преполна со нови идеи

    23.03.2026 во 09:04

    Студено утро во Македонија – 57 сантиметри снег на Попова Шапка

    23.03.2026 во 08:58

    СДСМ: Поскапи горива и празни фрижидери за граѓаните – Половичната мерка на Мицкоски без ефект

    23.03.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.