Таткото на Боки 13: Не разбирам ништо, ме правите криминалец на 60 години

 

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одржува рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска останува обвинителка во случајот

На прашањето дали разбира за што е обвинет, Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, направи мало „шоу“ во судницата на судењето, пренесува ТВ21.

„Не разбирам, ништо не е точно, ме правите криминалец на 60 години“, рече Јовановски.

Судијката му посочи дека не треба да кометира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.

Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега