Полициски службеници од СВР Велес завчера во 21:15 часот го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет.
Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки. Тој бил задржан во полициска станица и бил известен јавен обвинител.


