Татко и син загинаа во земјотресот во Хрватска - соседите раскажаа како ги пронашле

Жителите на Мајске Полјане, раскажаа како ги пронашле телата на загинати татко и син по силниот земјотрес, кој ја погоди Хрватска вчера. Земјотресот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтерова скала, со епицентар кај Петриња.

„Слушнавме вресок, се качивме горе. Фрањо и неговиот син беа мртви. Тој работеше во полиција“, велат тие.

Преплашените граѓани раскаа дека ноќта ја поминале во автомобилите, а палеле и оган на улица за да се стоплат. Најмалку седум луѓе загинаа во разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер кој ја погоди Хрватска. Луѓето раскажуваат дека за две минути, луѓето останале без она што го граделе цел живот. И денес се регистрирани неколку потреси во Хрватска. Земјата се расцепи од силниот потрес. Земјите од регионот, ќе одвојат средства за помош на Хрватска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега