ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари. за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Актуелно
- Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети
- Бремените и хронично болните се ослободуваат од работа
- „Тажен кактус“: Норвешка ја брани елката-подарок во Лондон
- Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
- Приведени двајца мажи, биле агресивни и нападнале полицајци
- Хорор во метро Тајван: Со еден нож – тројца убиени, петмина повредени
- Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
- Делови од скопски општини утре без струја – подгответе се

