Најмалку три лица се убиени, а петмина повредени во денешниот напад со нож во метрото во главниот град на Тајван, Тајпеј.

-Мотивот за нападот засега не е познат, изјави премиерот на Тајван, Чо Јунг-таи, додавајќи оти станува збор за „намерно“ дело.

Чо истакна дека напаѓачот носел маска и фрлил „пет или шест молотови коктели или димни бомби во главната станица на метрото.

По инцидентот двојно се зголемени безбедносните мерки на цел остров.

Exit mobile version