Таравари: Во СДСМ има сериозни проблеми, затоа ова мнозинство нема да трае многу

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бродот на СДСМ тоне.

Тој вели дека истиот ќе потоне со новиот лидер.

-Во СДСМ има сериозни проблеми, внатре во партијата. Незадоволството таму е големо. Заев вети многу, ништо не реализираше. Затоа и бега. СДСМ во моментот тоне, а ќе потоне со новиот лидер. Новиот лидер нема да може да ја одржи стабилноста на Владата. Новиот лидер нема да може ги координира коалициските партнери, кои имаат договор со Заев, а не со новиот лидер. Затоа сметам дека ова мнозинство нема да трае многу, и 2022 година ќе има повторно избори, вели Таравари.

Таравари вели дека со ВМРО-ДПМНЕ имале добра соработка на локалните избори.

-Можеби и соработката со нив придонесе да ги добиеме трите општини, додава Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.

06.12.2021 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега