Таравари на средба со Ковачевски во Владата - ќе се разговара за влез во Влада?
Алијанса за Албанците денеска соопшти дека нејзиниот в.д. претседател Арбен Таравари напладне ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Како што се наведува во најавата, средбата ќе се одржи во Владата, по што Таравари ќе има изјава за медиумите.
Во партиското соопштение не е посочено за што ќе разговараат Таравари и Ковачевски. Дел од медимите во изминатиот период, повикувајќи се на партиски извори, пласираа информации за можен влез на АА во владината коалиција, но тие досега беа негирани.
18.11.2022 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа