Таравари: Факт е дека мито во здравството постои - пријавувајте

 

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека непобитен факт е дека постои мито во здравството, но дека секој кој има сознанија треба да пријави.

Таравари денеска беше дел од првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор во државата, организирана во соработка со Светската здравствена организација, а по настанот го прокоментира случајот со М. С (64), хирург во Битолската болница кој примал поткуп.

- „Добиваме пријави и информации во Министерството за здравство, ги информираме директорите. Веќе има една акција. Ние го даваме нашиот максимум, вработувања, колективен договор, покачувања на плати, бараме и од медицинскиот персонал да бидат коректни и да ја вршат својата должност како што треба“.

Таравари не сакаше да го открие идентитетот на хирургот поради како што вели, презумпција на невиност. 

- „Имаше пријави и за Хирушките клиники во Скопје, но утврдивме дека немало ништо, дека станува збор за редовна операција. Треба да бидеме внимателни со сите пријави, не држат сите. Имињата ќе бидат објавени откако ќе се констатира нешто. Не сме ние судии и полиција. Ги охрабрувам сите кои имаат докази и информации, да пријават кај мене, во Министерството за здравство, во полиција или кај директорите на болниците со кои сум во секојдневна комуникација“, вели тој.

30.01.2025 - 11:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега