Таравари: Eдинствена грешка кај министерот Филипче е што ја брани Комисијата која што ја изгуби битката

Гостивар е меѓу градовите кои што има помал број на активни случаи. Како локална администрација одлучивме да работиме во смени, во денови. Имаме комуникација со гостиварската болница. Одделот за инфективни болести е 80 отсто исполнет, но и другите оддели се спремни да интервенираат доколку е потребно, рече во телефонско јавување во Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари.

-Не очекуваме од Филипче да биде компетентен да ја менаџира оваа ситуација. Мислам дека единствена грешка кај министерот е што ја брани Комисијата која што ја изгуби битката. Оттаму само тераат демагогија дека сè е под контрола, а не е така. Државата сè уште нема алгоритми како да се третира болеста во различни стадиуми. Караџоски без да ми се налути, смета дека треба да му рече на министерот да донесат нови луѓе кои што би помогнале. Во таа комисија има луѓе кои што се назначени во 2017 а се немат појавено, ниту некој ги викнал да учествуваат во нејзината работа, изјави Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега