Тамара Тодевска реши да ја истетовира македонската химна: „Ме боли што ме мразат без причина“

Пејачката Тамара Тодевска откри дека таа и нејзиното семејство биле во самоизолација, бидејќи нејзиниот сопруг бил заразен со коронавирусот. Таа за естрадниот магазин „Бекстејџ“ кажа дека ѝ е навистина чудно како таа и децата не се заразиле иако постојано биле со него дома.

„Иако бевме и јас и децата заедно со него дома во самоизолација 15 дена, можеби е чудно, но за среќа не фативме корона“ – вели Тамара во разговорот за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и продолжува: „Здравствено, но најмногу психички тоа влијаеше на сите. Психички те убива таа неизвесност, тоа чувство што ќе се случи, што ќе биде… Освен тоа многу ми недостасува близината со останатото семејство. Татко ми да речеме, не сум го видела оддамна. Ми фали да го гушнам, ми фали таа близина, но ете… таква е ситуацијата“ – вели Тамара.

Тамара е македонската пејачка која сите ја запаметија по настанот на 4. јули минатата година во Американската амбасада во Скопје, кога пеејќи ја химната на Македонија ја изостави строфата каде се споменуваат „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.

Таа кажа дека и ден денес добива многу негативни коментари, но тврди дека грешката ја направила ненамерно.

Таа кажа дека текстот од химната кој заборавила да го испее тогаш сега ќе го истетовира на своето тело.

„Ме боли тоа што ме мразат луѓето без причина. Ако јас не сум направила за мојата држава, не знам кој направил.

Се тетовираат работи коишто го одбележале животот или ти значат нешто, или ете те потсетуваат на некои убави или неубави работи. Јас ќе ја истетовирам химната и тоа токму онаа строфа којашто ја заборавив“, кажа таа.

Целото интервју погледнете го овде:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега