Талевски: Околу 650 милиони евра од автопатите ќе завршат кај македонски компании

Со Договорот со Бехтел и Енка започнавме најголема градежна офанзива во државата каде ќе се изградат 110 милиони евра автопати, порача пратеникот на СДСМ Миле Талевски во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

„Се започна со одлука од Собранието поддржана од пратеници од власта и опозицијата за стратешко партнерство со конзорциумот. Станува збор за четири делници: Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Будојчани и Требениште-Струга-Ќафасан. Тоа се големи делници што значат поддршка на граѓаните, стопанството и економијата. Станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра, а над 50 отсто, односно околу 650 милиони евра од овој капитален проект ќе завршат кај македонските градежни компании“ порача Талевски.

Талевски оцени дека само ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на коридорите кои се важни за подобро поврзување на државата со соседите и со клучни пристаништа од регионот.

„Да не се фрла сенка на вакви крупни проекти кога со пари од граѓаните се инвестира во автопатишта. Тие не се трошат на врби и стиропор. ЕУ го прогласи Коридорот 8 како главен проект и ние имаме обврска да го изградиме коридорот“ порача Талевски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата нема да дозволат блокади на овој капитален проект.

13.03.2023 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега