Талески: Откупот на тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од ланската

 

Откупот на годинешниот тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од лани, што само го потврдува она што го кажуваат и самите тутунари: Владата на СДСМ е вистинскиот партнер на земјоделците, изјави пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талески.

„ 261 денар по килограм, е просечната откупна цена на годинешниот тутун, за разлика од ланскиот кога неговата цена изнесуваше 200 денари. Тоа, е историски највисока цена на тутунот во изминатите 10 години.

Ако згора на тоа се додаде дека во споредба со лани, годинава имаме поголем број на склучени договори и се очекува да бидат откупени 21.000 тони на тутун, што е за 10 отсто повеќе од лани, тогаш нема дилема дека ова ќе биде една од најдобрите и најдоходовните реколти. Ќе потсетиме и на тоа дека токму Владата предводена од СДСМ ги зголеми субвенциите по килограм предаден тутун, и тоа на 80 денари за прва класа, 70 за втора, и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Дека достоинството на тутунарот ни е најважно, потвруваме со фактот дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно. Нема да му дозволиме на Мицкоски да го врати назад времето кога неговата криминална партија ги уценуваше и злоупотребуваше тутунарите за партиски цели“, додаде Талески.

29.11.2022 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега