Тага во Србија: Млад пар доживеа страшна несреќа - Урош и Јована мечтаеја за брак и деца, па заедно загинаа
29-годишниот Урош Ѓ. од Пожега и неговата девојка, 30-годишната Јована биле пронајдени во вторникот вечерта мртви во викендичка во селото Кремна кај Ужице, а според првичните резултати на истрагата, постои сомнение дека ги убила струја во купатилото.
Се претпоставува дека двајцата млади загинале уште во понеделникот вечерта, а телата биле пронајдени ден подоцна, откако Урош и Јована не им се јавувале на родителите и на пријателите на телефон, па мајката на Урош ги замолила роднините да одат до викендичката да видат што се случува.
-Роднина ги нашол мртви на подот од купатилото - вели извор за Курир.рс и продолжува: Ќе им се направи истрага и обдукција, се очекуваат резултати, тие ќе покажат што точно се случило. Засега претпоставка е дека момчето дошло до туш-кабината да се истушира, дошло до струен удар, а девојката настрадала дкога се обидувала да му помогне.
ден од роднините кој дошол да ги провери младите, во викендичката затекнал страшна глетка. Веднаш повикал Итна помош и полиција.
Младиот пар и претходно доаѓал за празници и викенди овде.
-Двајцата работеа во „Будмци“ заедно, се сакаа, сонуваа за брак, заеднички живот и деца. Двајцата беа инженери. Но, еве каква трагедија се случи, којзнае дали еден по друг, рекла пријателка на семејството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа