СЗО ја почнува процедурата за сертификација на руската „Спутник V“
Светската здравствена организација на 22 јануари ја почнува процедурата за сертификација на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, изјави портпаролот на рускиот Фонд за директни инвестиции.
Претходно претставничката на СЗО во Русија, Мелита Вујновиќ соопшти дека поризводителите на руската вакцина поднеле барање за сертификација.
Вакцината „Спутник V“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот.
20.01.2021 - 21:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа