СВР Куманово: Во Липково 187 лица со решенија за изолација, во Куманово 108

 Секторот за внатрешни работи Куманово денеска информира дека на подрачје на општина Липково има 187 лица на кои им се врачени решенија за изолација, а 32 лица се во самоизолација.
 
Во општина Куманово, пак решенија за изолација примиле 108 лица, додека во самоизолација се 111 кумановци.
 
Најмал број има во општина Старо Нагоричане каде има дамо две лица со решенија за изолација и четири лица со решенија за самоизолација.
 
– Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на СВР Куманово во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 62 лица-наведуваат од кумановската полиција.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега