Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но со значителен пад на дневните температури.

Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16 степени, додека максималната значително ќе опадне во однос на претходните денови и ќе изнесува од 22 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето денеска ќе биде променливо облачно и со забележително посвежа воздушна маса.

Во делови од скопската котлина ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од северен правец.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

Според официјалните најави од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот ќе се задржи посвежо време.

Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст, па сè до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, со исклучок на среда за кога се очекуваат нови врнежи од дожд.

Exit mobile version