Света архијерејска литургија Битуше посветенa на солунските браќа Кирил и Методиј

 

Свештената бигорска Обител информираше дека по повод 24 мај, денот на браќата Кирил и Методиј, ќе се отслужи Света архијерејска литургија во Бигорскиот скит во долнореканското село Битуше, посветен на солунските браќа.

– На денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите рамноапостолни сесловенски Просветители духовните наши родоначалници, солунските браќа Кирил и Методиј, во понеделник, на 24 мај, со почетокот во 9:00 часот, ќе се отслужи Света архијерејска литургија во Бигорскиот скит во с. Битуше, посветен на солунските браќа, изјавија од бигорската Обител.

Додаваат дека на светата литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на епископ Антаниски г. Партениј, односно братството на Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино.

– Во храмот кој сè уште се наоѓа во фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом, посочуваат од обителта.

Бигорскиот скит, кој почна да се гради по инцијатива на г. Партениј, пред седум години се наоѓа во подножјето на планината Дешат, над селото Битуше. За првпат Света архијерејска литургија беше одржана во 2017 година и од тогаш редовно секој 24 мај, на која присуствуваат поголем број верници, од дебарско- реканскиот крај, но и од други градови од државава.

22.05.2021 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега