„Свадбата на Фигаро“ од Моцарт в среда во НОБ, влезот слободен

 

 

На Малата сцена на Националната опера и балет на 14 јуни, в среда, од 20 часот, „Балкан опера студио“  во копродукција со Оперското студио при Театарот на Литванската национална опера и балет и нашиот оркестар „Профундис“ под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе ја изведат омилената опера од Моцарт, „Свадбата на Фигаро“.

Изминатиов период исклучителна екипа составена од врвни професионалци и млади надежи работеше на поставката на ова оперско дело. Режијата и продукцијата се на Љупка Јакимовска и Дамјан Попоски, музичкиот директор на Оперското студио при Литванската национална опера и балет Раминта Лапсатис ќе настапи на чембало, а соработник на пијано е Јанинка Невчева. Насловниот лик му е доверен на Јонас Сакалаускас, а нему на сцената ќе му се придружат Емилија Финагејеваите, Невен Силјановски, Јулија Каралиунаите, Силвија Плешке, Миндаугас Мишкинис, Лауринас Аксамитас, Мартина Мокшецкаите и Марко Димовски, додека во улогата на грофицата Алмавива, како специјална гостинка, ќе настапи првенката на Литванската опера,  Јоана Гедминтаите.

Влезот за ова македонско-литванско-хрватско оперско искуство е слободен, согласно капацитетот на салата.

12.06.2023 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега