Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од
пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна
облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен
чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални
мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени
исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште
еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на
засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на
компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“
истакнуваат од Support Kocani.
Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од
трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.
- Виткоф: „Се надеваме дека Русија не му помага на Иран“
- Познатата авиокомпанија ги откажува летовите од и до Дубаи
- Драма на аеродромот во Тел Авив: Германскиот министер евакуиран во бункер
- Трамп објави над 200 пораки на социјалните мрежи од почетокот на војната со Иран
- Мерц му пркоси на Трамп: Германија нема да ги укине санкциите за Русија заради евтина нафта
- СДСМ: ДКСК 100 дена молчи за криминалните тендери на власта
- Град Скопје: Семафорот ќе си го плати камионџијата што го уништи
- Мицкоски утре ќе им оддаде почит на депортираните македонски Евреи во Монополот

