„Супер дедо“ од Индија: Како дете ја прележал шпанската треска, а сега на 106 гоини го победи и коронавирусот

 

Индиец стар 106 годни може да ја понесе титулата „супер дедо“. Тој како дете ја прележал Шпанската грозница во 1918 година, а сега го победи и коронавирусот.

Овој супер дедо е пуштен од болница во која се лечеле неговиот син (70), сопругата и останати челнови на семејството кои исто така биле заразени од Ковид19.

„Тој досега е единствениот пациент кој преживеал шпанската треска и новиот коронавирус. Не само што се оздравел, туку се оздравел побрзо од помладите членови на неговото семејство“, рекол еден од докторите на клиниката, Раџив Ганди. Лекарите беа изненадени од неговото закрепнување, бидејќи неговиот имунитет беше ослабен поради неговата возраст.

Според наведеното, нема официјална потврда дека овој старец бил болен од шпанска треска, затоа што нема документација од тоа време. Меѓутоа,тој во тоа време имал четири години, голема е веројатноста и тој да бил заразен со шпански треска, што ги зафати децата и младите.

Шпанската треска, која во три бранови во текот на 1918 година, однесе помеѓу 17 и 40 милиони животи според проценките, најмногу ја погоди Индија. Се проценува дека дури една петина од жртвите во светот биле во таа земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега