Сугаревски: Се разговара за отворање на аеродромите, но рано е за одлука

 

Се уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродормите, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-На оваа тема се разговара, но се уште е рано да се донесе одлука, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион.

Сугарески повтори дека ТАВ, концесионерот на аеродромите во Скопје и во Охрид, информирале дека од моментот кога ќе се донесе одлука за отворање на аеродормите за да ги стават во функција ќе им требаат седум дена.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродорм Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега