Сугарески: Очекувам и годинава да ја завршиме со 86-процентна реализација на капиталните инвестиции

Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски во вториот квартал ќе биде околу 25 отсто. Сите проекти што ги реализира Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Македонија пат се во тек и нема застој и покрај здравствената криза. Очекувам годинава да ја завршиме со реализација од околу 86 проценти како што беше и лани, порача денеска ресорниот министер Горан Сугарески.

-Во петокот три милиони евра се префрлени на ПУИГ за социјалните станови и со тоа 100 проценти ја реализираме програмата која до вчера практично беше нула. Редовно вршам увид во градежните  активности скоро на сите проекти низ државата и можам да кажам дека тие се реализираат и покрја здравствената криза. Веќе е реализиран огромен дел на водоводи и канализации, скоро во целост се реализираат патиштата, добро тече изградбата на социјалните станови, а гасификацијата има одлична динамика. Се трудиме колку што можеме и во делот на железниците и покрај проблемите што излегуваат, рече Сугарески во одговор на прашање при денешната посета на Скопскиот меѓународен аеродром заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Нагласи дека во Министерството за транспорт и врски првиот квартал е секогаш најслаб и додаде дека очекува до крајот на годинава реализацијата на капиталните инвестиции да биде слична како лани кога беше 86 проценти.

-Не можам да се согласам дека е слаба реализацијата на капиталните инвестиции, посебно не во делот на инфраструктурата каде има одлични резултати. Можеби имало 18 проценти во мај, но сега има 25 проценти, посочи Сугарески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега