Судот во Стразбур пресече: Боки 13 кривично ќе ги гони Заев и Русковска

 

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе позитивна одлука по барањето на Бојан Јовановски познат како Боки 13 за случајот „Рекет", со што тој сега кривично ќе ги гони Вилма Русковска и Зоран Заев.

- „По конечно завршување на постапката во Стразбур, ве известувам дека од моја страна заедно со мојот правен тим ќе ги преземеме сите понатамошни чекори пред домицилните органи со крајна цел да се исправи историската неправда нанесена со политички нарачаната пресуда за случајот ‘Рекет’, во која имаше сѐ, само право не. Граѓаните и јавноста ја заслужуваат вистината за овој фамозен случај ‘Рекет’ преку утврдување на точна и вистинска фактичка состојба во законита постапка каде ќе се утврдат факти и ќе се добијат одговори на сите отворени прашање кои оставија правна и стварна дилема за овој случај, со цел и намера да се заштитат високите интереси на вистинските виновници, напиша Боки 13.

Посочи и дека донесена е уште една позитивна одлука при ЕСЧП во Стразбур и прифатена е апликацијата која се однесува на неговото незаконско држење во притвор, нечовечно постапување и тортура.

- По сето ова, ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот ‘Рекет’, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела“, напиша Боки 13.

07.03.2025 - 11:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега