Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р. , по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова.

Со оглед да осомничениот, кој се товари за две кривични дело и тоа Перење пари и други приноси од чл. 273 ст.1 и Против правно стекнување и прикривање имот од чл. 359 – а ст.3 вв ст.1 од КЗ, е Апелационен судија, судот, пред одлучување, предлогот на ОЈО го достави до надлежниот Судски совет на РСМ, кој одлучуваше по однос на судискиот имунитет, а по добиена согласност од Советот, го прифати предлогот. Против ова решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Exit mobile version