Екс-директорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, остануваат зад решетки откако Кривичниот совет денеска го одби предлогот на одбраната за нивно пуштање на слобода. Иако адвокатите понудија имотна гаранција во вредност од над 350.000 евра, судијката Славица Наумова-Јосифовска пресече – околностите не се променети и сè уште постојат причините поради кои беше одреден притворот.
Дополнително, судот појасни дека во оваа фаза од постапката нема надлежност да одлучува за понудената гаранција, упатувајќи ги странките на Советот кој го потврдил обвинението. Со ова, двајцата клучни обвинети во предметот „Онкологија 2“ продолжуваат да ја чекаат правдата од истражниот затвор.

