Судири меѓу ДПС и опозициските коалиции во Подгорица - има повредени

Неколку луѓе се повредени откако вчера се случил судир меѓу приврзаници на ДПС и опозициските коалиции во црногорската престолнина, Подгорица.

Полицијата спречила потежок инцидент која ги разделила двете групи.

Наводно, приврзаниците на ДПС славеле во кафуле, кога дошла група симпатизери на опозицијата и ги нападнала.

Илјадници луѓе синоќа се собраа на улиците во Подгорица за да го прослават успехот на опозицијата на парламентарните избори.

Освен во Подгорица, каде илјадници луѓе се собраа пред црквата Христово воскресение, собири се одржаа и во Бијело Поље, Бар, Беране и Даниловград.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега