Судир помеѓу автомобил и мопед во Кавадарци: Едно лице тешко повредено

 


Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.С.(41) од Кавадарци и мопед управуван од М.Ј.(34) од с.Манастирец, општина Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

25.10.2024 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега