Судир меѓу мотор и автомобил во Тетово, едно лице е тешко повредено

 

Тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор се случила вчера на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во селото Гајре.

Како што информираа од МВР во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(22) од с.Гајре и мотоцикл „кавасаки“ со германски национални ознаки, управувано од Т.С.(59) од сeлото Челопек, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од страна на полициска екипа.

17.06.2022 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега