Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење

    Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење

    21.01.2026 во 18:273 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Иако добиле релевантни и ирелевантни пријави од многу сведоци дека апелацискиот судија Ѓоко Ристов им барал поткуп, Обвинителството во овој момент со докази не може да ги поврзе заѕиданите 350.000 евра со ниту еден случај кој тој го работел. Индиции постојат, но конкетни докази за предметите нема.

    Истражителите од Обвинителството за организиран криминал 9 месеци ги проверувале формалните и неформалните искази на многуте сведоци. Првичните индиции дошле од белешки од АНБ, но предметот контурите почнал да ги добива откако поранешниот државен правобранител Фехми Стафа беше фатен со 30.000 евра. Пари кои тој ги доби од сестрата на осомничениот Љупчо Пецов – Ѓаволот во случајот „Синџир“.

    Ниту Стафа, ниту Ристов не биле под посеби истражни мерки. Тоа значи дека истражните органи воопшто не ги следеле двајцата осомничени.

    -Доаѓаат сведоци, кажуваат им се влијаело, па од предметите што се работат овде гледате дека навистина нешто се случува, па имате телефон што ќе ви се појави од некоја истрага, пример од некој затвореник, ќе го дадете во нашата лабораторија, ќе најдете интересни разговори меѓу затворениците… Не е само една дојава, туку се градеше мозаик околу 9 месеци. Контурите се исцртаа со истрагата против Љупчо Пецов-Ѓаволот, од предметот Синџир. Не било возможно да не влезе ни ден во притвор, туку одма да добие куќен притвор.”, рече обвинителката Хаџивасилева.

    350-те илјади евра, главно во банкноти од 500 и 200 евра, се пронајдени од втор обид. Првично се вршени претреси на три локации. На едната истражителите пронашле бункер во бетон кој во тој момент бил празен. Во вториот обид, извршен е понасочен претрес. Родителите биле прашани дали во скоро време било реновирано во куќата, што тие го негирале.

    -Забележани се различни плочки кои биле искршени. При мало кршење се појави дупка, дупката се прошири на десно, почнаа да паѓаат пари, објасни обвинителната Искра Хаџивасилева на брифинг со новинари.

    На прашање дали Ристов имал непријавен имот, обвинителката Хаџивасилева одговори потврдно.

    Во однос на квалификацијата на делото „перење пари“ обвинителката објасни дека тука не станува збор за класично пуштање во промент на пари стекнати преку криминално дејствие, туку членот од Кривичниот законик опфаќа и „криење пари“ – дел кој поретко се применува.

    Во меѓувреме, Здружението на судии побара темелна, прецизна и транспарентна истрага во која ќе се утврдат сите релевантни факти и околности, но и евентуална инволвираност на други лица. Доколку се докаже корупција, Здружението се оградува од секој корумпиран судија.

    -Здружението бара целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии, како и воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем. Здружението на судии смета дека ваков принципиелен и одговорен пристап треба да биде применет и кон сите други општествени чинители и функционери кои се склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за губење на довербата на граѓаните во институциите и во системот во целина, велат од Здружението.

    Инаку вчера одбраната и пред Обвинителството и пред судот тврдеа дека 350-те илјади евра не биле на судијата Ристов, туку на неговите родители – стекнати од земјоделие, главно од работа на лозје. Ова тврдење не го убеди судот, кој одреди куќен притвор за Ристов.

    Истрагата продолжува, но дали во неа ќе бидат опфатени и други корумпирани судии Обвинителството засега не открива.

    Популарно

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“

    06.03.2026 во 21:56

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.