Судар меѓу автомобил и мопед во Куманово: Малолетник итно пренесен во болница

 


Вчера во 18.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„500“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(60) од Куманово и мопед управуван од малолетник од село Тромеѓа, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

28.10.2024 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега