Утрово се измерени многу ниски температури низ целата држава, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Рекордер е Берово со -13 степени, но ништо потопло не беше ниту во Скопје, каде кај Петровец се измерени -11 степени, а на Зајчев Рид -9. Во Штип и Кавадарци утрово е -8, а во Охрид -7 степени.

За денеска метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време. Попладне во западните краишта ќе има врнежи од дожд и снег. Во Скопје максималната температура ќе достигне едвај 3 степени, проследена со умерен јужен ветер.

Exit mobile version