Close Menu
Press24
    Најново

    Студенти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија

    30.03.2026 во 23:17

    Вучиќ му „врати“ на Милановиќ: „Нема со мене да се изживувате, Србија не е ничија играчка“

    30.03.2026 во 23:00

    Приведен 22-годишник: Упатувал закани кон неговата мајка и искршил дел од покуќнината

    30.03.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студенти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија
    • Вучиќ му „врати“ на Милановиќ: „Нема со мене да се изживувате, Србија не е ничија играчка“
    • Приведен 22-годишник: Упатувал закани кон неговата мајка и искршил дел од покуќнината
    • Судот прифати: 30 дена притвор за синот кој ја уби мајка си во Росоман
    • (ВИДЕО) Реставрација на Разловци: 22 милиони денари за спас на симболот на македонската борба
    • Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва
    • Зеленски открива: Западот веќе не моли, туку бара прекин на нападите врз Русија
    • Ужас во Аргентина: Тинејџер уби 13-годишен врсник, а рани други 8 лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Студенти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија

    Студенти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија

    30.03.2026 во 23:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските студенти кои преку програмата „Work&Travel“ работеле во Германија, се соочуваат со неочекувани даночни обврски по враќањето дома. Според информациите од студентската организација „Студентарија МК“, Управата за јавни приходи (УЈП) почнала да испраќа известувања до студентите со барање да ги пријават своите странски приходи и да платат данок на веќе оданочени суми.

    Проблемот настана кај оние студенти кои по завршувањето на работниот ангажман извршиле поврат на задржаниот данок од Германија директно на своите македонски девизни сметки.

    „Известувањата од УЈП пристигнуваат по пошта и електронски пат. Најчесто ги добиваат оние кои по завршување на работата во Германија извршиле поврат на задржаниот данок на македонска девизна сметка. Студентите објаснуваат дека во Германија работодавците автоматски задржуваат данок од платата, по што работниците имаат право на поврат на дел или на целиот износ,“ пренесуваат од „Студентарија МК“.

    Што бара државата од студентите?

    Според известувањата, студентите се обврзани:

    • Да поднесат електронска даночна пријава (Е-ПДД);
    • Да ги пријават приходите остварени во странство;
    • Да платат данок на износот добиен преку поврат на данок од Германија.

    Оваа ситуација предизвика револт кај младите, бидејќи овие средства се веќе еднаш оданочени во државата каде што се заработени. Останува отворено прашањето како ќе се применуваат договорите за избегнување на двојно оданочување меѓу Македонија и Германија во овие конкретни случаи.

    Популарно

    Студенти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија

    30.03.2026 во 23:17

    Вучиќ му „врати“ на Милановиќ: „Нема со мене да се изживувате, Србија не е ничија играчка“

    30.03.2026 во 23:00

    Приведен 22-годишник: Упатувал закани кон неговата мајка и искршил дел од покуќнината

    30.03.2026 во 22:34

    Судот прифати: 30 дена притвор за синот кој ја уби мајка си во Росоман

    30.03.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.