На Попова Шапка изутрина во 7 часот термометрите покажаа -4 степени, со снежна покривка од 89 сантиметри. Минусни температури се измерени и во Маврови Анови (-2) и во Охрид (-1), додека во Битола и Крушево температурата е 0 степени. Во Берово и Претор се измери 1 степен, во Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка 2 степени, во Скопје-Петровец, Струмица и Штип 4 степени, додека во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци се измерени 6 степени, а во Гевгелија 10 степени.

Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен (локално до 50 км/ч). Максималната температура ќе се движи помеѓу 10 и 17 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Дневната температура ќе достигне до 14 степени.

Exit mobile version