Стружанец се откажа од бугарскиот пасош: Не може некој да си поигрува со нашето достоинство

Стружанецот Васко Јолески се откажа од бугарското државјанство.

Тој по пошта ги врати пасошот во Бугарија преку едно од нивните претставништва во Македонија. Појаснува дека пасошот го извадил во 2003 поради егзистенцијални причини. Меѓутоа вели дека кога Македонија е уценета и понижена од бугарските власти, ниту една привилегија од европските исправи не е доволна.

-Бугарскиот политички врв многу лукаво ги користи моментите што дел од македонскиот народ се одлучил да извади бугарски пасоши поради егзистенција најчесто за да и наштети на нашата земја. Од тие причини се одлучив државјанството, односно пасошот да им го вратам по едно од нивните претставништва во земјава. Нормално, по поштенски пат, бидејќи не може некој да си поигрува со нашето достоинство, вели Јолески.

Бугарскиот пасош го земал поради здравствени причини бидејќи е еден од пациентите кои чекаат трансплантација на срце.

Стружанецот ги повика и останатите кои поседуваат бугарски исправи доколку се во можност да го направат истото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега