Струга може да добие женски затвор: Идејата ја поддржува министерот за правда
Идејата за отворање комплетно женско одделение во Казнено поправниот дом од отворен тип Струга беше реактуелизирана при денешната посета на министерот за правда, Игор Филков и средбата со раководството на затворот.
Според ресорниот министер, цело женско одделение од затворот во Идризово би се префрлил во Струшкиот затвор, а затворениците од Струга ќе бидат преместени во друг затвор.
- Како идеја произлезе од пред некое време. Се надеваме дека ќе наидеме на поддршка од сите партнери и ќе може набрзо да ја реализираме. Одма штом се договориме со сите коалициски партнери, истакна Филков.
Во однос на состојбата на Струшкиот затвор, тој забележа дека треба да се реновираат сите затвори.
- Секаде треба да се реновира. Значи во ниеден затвор во државата состојбите не се сјајни. Каде и да одиме го гледаме истото, не е вложувано со децении. Се договоривме да подготвиме еден проект за почеткок и тогаш ќе знаеме за колкави финансии станува збор, изјави Филков.
Директорот на затворот во Струга Ардит Мустафаи кажа дека затворот има капацитет да се преадаптира во женски и оти е потребно подобрување на условите.
- Капацитет имаме доволно. Мислам дека треба малку интервенција, реновирање и политичка волја, со цел да се измени Законот за да се реализира идејата. Капацитетите треба да се зголемат. Ние имаме моментално капацитет до 60, а би можело да имаме до 70 или 80 легла, ако направиме некои интервенции, рече Мустафаи.
Смета дека реализацијата на идејата затворот да стане женски е добро за Струга.
- Местоположбата на затворот, тоа што е блиску до градот ќе им се дава можност на жените да ги искористат сите погодности да работат во градот, со цел да бидат ресоцијализирани, истакна директорот Мустафаи.
Финансиската состојба на институцијата забележа дека не е добра и оти е потребна поголема финансиска поодршка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа