Ноќеска во 01:16 часот на регионалниот пат Р1208, на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
- МНР извојува 60 милиони за да ги врати Македонците дома: Јавна набавка за организација на чартер-летови
- Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата
- ОН згрозени од нападот врз училиште во Иран: Над 160 загинати деца во Минаб
- Ковачевски: Цените на храната растат, зошто не се применува Законот за нефер трговски практики?
- Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот
- Перински и Андонов на терен – Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура
- (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред
- 30 нови компјутери за училиште во Ѓорче Петров


