Ноќеска во 01:16 часот на регионалниот пат Р1208, на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Актуелно
- Им ветил странски пензии, па им ги зел парите – Двајца браќа од Тетово останаа без 15.000 евра
- Драма среде бел ден во Центар: Скопјанец насилно извлечен од автомобилот
- Одложено судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
- Ножот му се скршил, па зел ножици, откако и тие се свиткале продолжил да ја боде мајка си со друг нож – ОЈО со морбидни детали за убиството во Богданци
- Загрозена безбедноста на возовите – Со алат пресечени кабли за железничка сигнализација на мостот на река Зуица
- Кривична пријава за вработен на Попова Шапка: Неисправен ски-лифт повредил посетител
- Стаменкоска Трајкоска: Ќе се градат 10 нови детски катчиња низ општина Кисела Вода
- МНР: Бегајте од Иран во прва можна прилика

