Close Menu
Press24
    Најново

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Страшна трагедија ја потресе Македонија: Загина 19-годишна девојка, сопатничка на мотоцикл

    Страшна трагедија ја потресе Македонија: Загина 19-годишна девојка, сопатничка на мотоцикл

    14.08.2026 во 09:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица.

    Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Д., констатирани во Медицински центар Струмица.

    Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, при што кај возачот на возилото „сеат“ било извршено алкотестирање и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта и тој е лишен од слобода. Исто така, било констатирано дека возачот на мотоциклот, А.Д го управувал нерегистриран и пред да се стекне со право да управува со моторно возило. За време на вршење на увидот, сообраќајот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, кај с.Турново, бил во прекин во двата правци во периодот од 00:00 до 02:30 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10

    Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво

    28.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.