Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Актуелно
- Разбојништво среде Скопје: Со остар предмет му се заканиле на дете и го земале велосипедот
- Утре ќе нема струја до 14:30 – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
- Крај за политичките влијанија при изборот на обвинители – Владата го усвои новиот закон за обвинителство
- УЈП со важно известување до граѓаните: Електронските услуги ќе бидат во прекин
- Запрен сообраќајот во тунелот под Ла Манш – илјадници патници заглавени на станиците
- Трамп: САД извршија прв копнен напад врз Венецуела
- Хорор во Скопје: Заталкано зрно паднало врз возило во движење во кое се превезувало цело семејство
- Тешко повредено 8-годишно дете од Гостивар, петарда му пукнала во рака, итно префрлено во Скопје

